Луѓето кои имаат сестри се посреќни, покажува новото истражување

Доколку сметате дека сте среќни што имате среќа, потполно сте во право бидејќи да се има сестра е вистински благослов.
Научниците од Универзитетот Де Монтфорт и Улстер неодамна направија истражување во кое учествуваа 570 луѓе на возраст помеѓу 17 и 25 години.
Им беа поставувани прашања од различни теми, вклучително и за менталното здравје.
Резултатите до кои дојдоа научниците, покажаа дека луѓето коишто имаат сестра се поотворени личности кои немаат проблем да разговараат за сопствените чувства.


Исто така, оние коишто имаат сестра се пооптимистични и посреќни луѓе.
Еден од истражувачите на студијата, професорот Тони Кесиди ги објасни добиените резултати.
„Сестрите се личности кои поттикнуваат отворена комуникација и хармонија во семејството. Браќата на пример, се сосема спротивно нешто“, објаснува тој.
Кесиди додава дека поради фактот дека мажите имаат тенденција да не разговараат за некои лични работи, а жените го поттикнуваат тоа па затоа се посреќни и поздрави.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.