Дури и доколку компанијата за која работите, дозволува лежерен кодекс на облекување, веројатно досега не сте се појавиле во вакво опуштено издание.
Имено, истражувањето кое го спровела британската компанија „Shoegarden“ го покажала изборот на облека кој влијае на продуктивноста на вработените, а најефикасни се покажале тие кои на работа носат – папучи!
„Удобноста докажано ја зголемува продуктивноста, а има ли нешто поудобно од меки и топли папучи?“, објасниле во резултатите од истражувањето. Од дрга страна, ништо не може побрзо да го расипе расположението, како што можат неудобните чевли кои ве стегаат и ви прават рани, а со причина моментално се чувствуваме многу подобро, штом при доаѓање дома ги соблекуваме и облекуваме удобни куќни папучи. Покажете му го ова на вашиот шеф и уште утре понесете ги со себе своите нови „работнички“ папучи.