Луѓето панично бегале- на ова место паѓало град со големина на топче за голф, уништени се многу автомобили

Германската покраина Баварија, особено Минхен и околината, синоќа ги зафатило силно невреме кое предизвикало голема штета, а повеќе лица се повредени.
Во покраината паѓал град со големина на топче за голф, а ветрот корнел дрва.
Градот искршил стакла на многу автомобили, прозорци од згради и предизвикал голема штета на фасадите на многу куќи.


Во Остајгој биле откорнати повеќе дрва, а едно дрво повредило седумгодишно дете и двајца мажи. Локалните медиуми јавија дека велосипедисти застанале под откорнат дрво барајќи засолниште, кога врз нив паднало друго дрво. Детето се здобило со тешки повреди, додека мажите се полесно повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.