Луѓето што имаат сестра се посреќни!

Ако сметате дека сте среќничка бидејќи имате сестра, потполно сте во право!
Научници од универзитетите „De Montfort“ и „Ulster“ неодамна направиле истражување во кое испитале повеќе од 570 лица на возраст помеѓу 17 и 25 години. Им биле поставени одредени психолошки прашања на различни теми, вклучувајќи го и менталното здравје.
Резултатите до кои дошле покажале дека луѓето кои имаат постара сестра биле поотворени и не им било проблем да разговараат за сопствените чувства.


Исто така, се покажале како пооптимистични и посреќни.
Еден од водачите на студијата, професорот Тони Кејсиди ги објаснил резултатите до кои дошле: „Сестрите се покажаа како личности кои поттикнуваат отворена комуникација и кохезивност во семејството. Но, браќата на пример, имаат сосема спротивен ефект.“
Кејсиди додал дека тоа е поради фактот што мажите имаат природна тенденција да не разговараат за некои лични работи, додека жените тоа го поттикнуваат, а тоа води до подобро психичко здравје и посреќен живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.