ЛУЃЕ, ОВА Е БОЛНО! КАДЕ ОТИДЕ ОВОЈ СВЕТ?! Роналдо заработува 550.000 евра дневно! Додека спие, Кристијано добива 182.000 евра

Играта заврши. Ова веќе нема врска со ништо што може да се смета за нормално.

Во фудбалот одамна има луди суми. Многупати споменатата фраза како на пример доктор толку заработува, а фудбалер 1000 пати повеќе е суровата и болна вистина на овој свет.

Често се мисли дека нема понатаму и дека границата на пари во фудбалот е максимум, но.. Тогаш таму се појавува клуб по име Ал Наср кој прави нешто што ја навредува интелигенцијата.

Во таа приказна се вмешува и Кристијано Роналдо и пали и му удира шамар на здравиот разум.

Договорот кој го потпиша овој безначаен клуб (за сериозниот фудбалски свет) и португалскиот ас е вреден 200 милиони евра на годишно ниво!

Што да му кажам на тоа освен: болен.

Како што можете да видите на графиката на Курир, Роналдо заработува 6,3 долари секоја секунда. Значи, за 16 секунди е побогат за 100 долари (евра).

Ако се земе предвид дека спие осум часа, во тој период заработува 182.000 евра. Дневно 548.000 евра…


Пронајдете не на следниве мрежи: