Луѓе, споделете и доколку можете помогнете: Маја бара донор за да ја победи леукемијата

Маја Рековиќ е болна од леукемија и потребен е и донор за да ја победи болеста.
„Барајќи донор за да ја победам леукемијата, сретнав луѓе, кои безусловно и несебично дојдоа да помогнат. Никогаш не помислив дека на ваков начин ќе барам помош… ама вашите 5ml крв (не е важна крвната група) од 18-59 години, од 8:30 до 14 часот, секој работен ден, можат да ми го спасат животот.
Доколку можете да се организирате и да дојдете до Скопје, Институт за имунобиологија и хумана генетика (Државна болница) каде што кажувате дека сакате да станете донор, не мора да кажете дека се работи за мене, ќе ми дадете надеж дека ова сонце и мене ќе ме грее уште долго.
Луѓе ми требате! Да дообјаснам… на Институтот се пријавувате дека сакате да станете донор… доколку сте соодветни јас ќе знам“, вели Маја во апелот на нејзиниот фејсбук-профил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.