ЛШ: Баерн гостува во Торино, Барселона домаќин на ПСЖ

Во среда, по одигрувањето на возвратните четвртфинални натпревари помеѓу Јувентус и Баерн Минхен, односно Барселона и ПСЖ, ќе бидат познати сите полуфиналисти во Лигата на шампиони.

По првите натпревари кои се одиграа минатиот вторник, Баерн и Барселона се поблиску до пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Баерн, на домашен терен во првиот меч, со супериорна игра го победи Јувентус со 2:0. Пред реваншот во редовите на италијанскиот шампион владе оптимизам дека можат да го елиминираат новиот германски шампион. Инаку италијанските медиуми пишуваат дека на последните тренинзи играчите на Јувентус вежбале и изведување на пенали, според истите извори, доколку патникот во полуфиналето се решава со удари од 11 метри, потенцијални изведувачи на пеналите за Јувентус би биле Вучиниќ, Кваљарела, Пирло, Маркизио, Погба и Барзаљи и Бонучи. Тренерот на екипата, Антонио Конте, за овој натпревар нема да може да смета на суспендираниот Чилеанец Артуро Видал. Сериозно за мечот се подготвуваат и Баварците, тренерот и раководството не дозволија прослава на титула, која ја обезбедија во саботата, а исто така на играчите не им дозволија да му организираат роденденска забава на Франк Рибери. Јувентус и Баерн досега имаат одиграно седум натпревари во европските купови, двата тима имаат по три победи. На „Ноу Камп“ во Барселона ќе гостува ПСЖ, меѓутоа главна тема во Каталонија е дали Меси ќе може да игра на оваа средба. Аргентинецот се повреди на првиот натпревар, непосредно по постигнувањето на првиот гол за својот тим. Најавите се дека Меси ќе го започне натпреварот од клупата за резерви, а во игра би влегол само доколку тоа е неопходно. Покрај Меси на првиот натпревар во Париз се повреди и Хавиер Маскерано, кој сигурно нема да биде во комбинација за настап, додека под знак прашалник се настапите на Карлес Пујол и Адријано. Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике, против ПСЖ ќе го одигра јубилејниот 50-ти натпревар во Лигата на шампиони. Што се однесува до ПСЖ, нивниот тренер Карло Анчелоти шири оптимизам со изјавите дека екипата може да победи на „Ноу Камп“. Италијанскиот стратег за оваа средба нема да може да смета на стрелецот на израмнувачкиот гол за 2:2, Матуиди, кој е суспендиран. Инаку оптимизмот на Анчелоти го прифати и најдобриот стрелец на клубот, поранешниот играч на Барселона, Златан Ибрахимовиќ. „Ќе биде тешко пред нас е голем предизвик, но имаме можност да испишеме нова историја. Тие се најдобриот тим на светот“, рекол Ибрахимовиќ. Реванш четвртфиналните натпревари во Лигата на шампиони, во Торино и Барселона ќе започнат во 20:45.
Макфакс
Во среда, по одигрувањето на возвратните четвртфинални натпревари помеѓу Јувентус и Баерн Минх

Пронајдете не на следниве мрежи: