Јувентус и Пари Сен Жермен со ‘една нога’ се веќе во четврт финалето, во Лигата на шампиони, откако како гости забележаа победи над Селтик односно Валенсија.Италијанскиот шампион на „Селтик Парк“ во Глазгов, фаворитската улога ја потврди со голот на Маркизио по 180 секунди игра.Во продолжението на мечот играчите на Јувентус ја имаа контролата врз играта, иако Селтик се обидуваше со сите сили да постигне гол. Надежите на шкотскиот тим ги урна Маркизио со својот втор гол во 77-та минута, а победата на ‘старата дама’ ја зациментира Вичиниќ со третиот гол за Јуве постигнат во 83-та минута од натпреварот.Поразот од Јувентус, на домашен терен, беше прв за Селтик од некој италијански тим уште од 1969 година.Валенсија пред мечот со ПСЖ имаше убава традиција, беше без пораз и примен гол на последните осум средби со француски екипи.Традицијата ја урна Лавеци во 10-та минута, кога по асистенција на сонардоникот Пасторе го отвори резултатот. Доминацијата на ПСЖ во првиот дел ја потврди Пасторе со голот во 43-та минута. Валенсија честа ја спаси во последната минута од мечот кога Сиригу го совлада Рами.Во среда во Лигата на шампиони ќе се одиграат мечевите Реал Мадрид-Манчестер Јунајтед и Шахтјор-Борусија Дортмунд.
МакфаксЈувентус и Пари Сен Жермен со ‘една нога’ се веќе во четврт финалето, во Лигата на шампиони, откако