четврток, 12 ноември 2026
Најново

Маалска средба на жителите од улица „Даме Груев“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Жителите на делчевската населба Милково Брдо од улица Даме Груев денес на само себе својствен начин се организираа на заедничка „Маалска средба“, на која се играше, пееше и се славеше пријателството.
Освен музика и оро, жителите низ заеднички разговор се потсетија на минатото кога имаше повеќе дружба меѓу самите нив.
Денес сепак ослободени од обврските покажаа дека се уште може сложно да се живее!
Честитки за организаторите на овој настан и самите жители од овој дел на Милково Брдо на кои им посакуваме уште многу години вака да се собираат на својата „Маалска средба“.
На линкот од објавеното видео на делчевецот Мики Миладинов ви доловуваме дел од денешната атмосфера на улица „Даме Груев“.

Поврзани вести