Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

По објавувањето на конечните резултати од вонредните локални избори во Брвеница, на социјалните мрежи се огласи премиерот Мицкоски.

Во продолжение неговата објава:

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови.

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.

Пронајдете не на следниве мрежи: