Според фотографија која деновиве кружи на социјалните мрежи,се гледа дека не секој може да седне во кафуле среде Маврово и да се напие кафе или сокче.
За да испиете едно обично еспресо за кое обично плаќаме од 50 до 60 денари, во Маврово ќе треба да издвоите 90 денари. За макијато, кое обично чини 80 денари, таму ќе треба да платите 150 денари. Цената на нескафето во Маврово изнесува 150 денари, додека, пак, ирското кафе чини 450 денари.
Негазираната и газираната вода чинат 90 денари, додека, пак, за свежо цеден сок треба да платите 225 денари.