Само неколку часа откако медиумите ја пренесоа информацијата дека за обука на хрватско магаре биле исплатени 83.000 евра европски пари на Средното Училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, магарето ги демантираше сите гласини дека посетувало некаква обука.
„Точно е дека ми беше понудено обука за коњско однеусвање од едно училиште во Македонија, ама ги одбив. Од училиштето ми кажаа дека таму и порано учеле многу магариња, кои сега се успешни граѓани со своето коњско однесување, ама сепак, ја одбив понудата. Зошто? За инает. Ја користам оваа прилика, уште еднаш да ги демантирам информациите дека сум бил на било каква обука. А кој ги лапнал тие 83.000 евра, не знам, ама сигурно не е некое магаре.“ – изјави магарето Стјепан од Осиек, Хрватска.
ТЕКСТОТ Е КОЗЕРИЈА, И Е НАМЕНЕТ ЗА ЗАБАВА!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.