недела, 15 ноември 2026
Најново

Маглата го парализира авионскиот сообраќај: Пренасочени и откажани летови на скопскиот аеродром

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Густата магла што ја зафати Скопската котлина во последните 24 часа предизвика значителни проблеми во авионскиот сообраќај на Меѓународниот аеродром Скопје. Поради ниската видливост, неколку летови беа пренасочени кон други аеродроми, а дел беа целосно откажани.

Пренасочени летови:

  • Летот од Анталија е пренасочен кон аеродромот во Приштина.
  • Летот од Меминген е пренасочен кон Приштина.
  • Летот од Баден Баден беше пренасочен кон Софија.
  • Летот од Париз исто така слета во Софија.
  • Летот од Рим заврши на аеродромот во Приштина.
  • Летот од Малме беше пренасочен кон Приштина.

Откажани летови:

  • Двата летови од Истанбул се откажани, како и летовите од Загреб и Венеција.

Покрај овие летови, дел од авионите беа принудени да се вратат на аеродромите од кои полетале, меѓу кои и летот од Варшава, кој се врати назад во Полска.

Поврзани вести