Намалена видливост до 50 метри заради магла има во Маврово, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, а слаб снег паѓа на Попова Шапка.
Од Македонија пат соопштија дека дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивни дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.