Магла на Стража и Плетвар

Намалена видливост до 80 метри поради магла има на планинскиот превој Стража, а до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, соопшти утрово јавното претпријатие „Македонијапат“. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.