Американската поп ѕвезда Мадона ќе ја искористи својата посета на африканската држава Малави од каде посвои деца за да ја провери работата на училиштата во десет училишта чиешто градење го финансираше нејзината фондација, соопшти во вторникот портпаролот на пејачката.
„Доаѓаме да посетиме десет училишта чијашто изградба неодамна е завршена во рамките на фондацијата BuildOn”, изјави Тревор Ниелсон кој ги води креативните акции за поп ѕвездата. Мадона во неделата отпатувала на Малави со Дејвид Банд и Мерси Џејмс, двете деца посвоени од оваа сиромашна африканска земја уште во 2006 година.
„Училиштата се отворени неодамна и во нив учат 3.800 ученици”, вели Ниелсон, додавајќи дека училиштата се изграден во согласност со државните норми.
Треба, исто така, да се напомне дека Малави е држава во која од СИДА боледуваат околу милион сирачиња. На оваа земја ѝ е потребна голема помош од надвор.
Првично Мадона сакаше да финансира изградба на едно училиште за девојчиња. Таа купи парцела во областа Чинкоте, во близина на главниот град Лилонгве каде што во април 2010 година положи камен темелник, но училиштето никогаш не беше изградено, а поради сомневање за перење пари на фондацијата на Мадона беше под истрага на американските даночни власти, а за условите за купување на парцелите се заинтересираа и властите на Малави.
BuildOn е американска невладина организација специјализирана за поддршка на образованието во светот. Во изминатите дваесет години со собраните средства изградени се повеќе од 400 училишта во Африка, поточно во Мали, Сенегал и Малави, потоа во Никарагва, Непал и на Хаити.
Макфакс
Американската поп ѕвезда Мадона ќе ја искористи својата посета на африканската држава Малави од каде посвои деца за да