Мадона го прележала коронавирусот, не ни знаела дека е болна

Американската пејачка Мадона откри во објавата на Инстаграм дека и самата била заразена со коронавирус, а убедена е дека ја „закачила “ болеста кога гостувала во Париз, во склоп на својата светска турнеја „Мадам Х“.
Кралицата на поп музиката исто така ги известила своите обожаватели дека донирала 1,1 милион долари за медицински и научни истражувања со цел што побрзо да се пронајде лек, т.е. вакцина за вирусот ковид-19.


„Благодарна сум и среќна што можам да помогнам! Во моментот не сум болна, но неодамна се тестирав на коронавирусни антитела и наодот беше позитивен, што значи дека всушност сум била заразена… Се разболев на крајот од турнејата во Париз пред седум недели, заедно со многу други уметници со кои во тоа време соработував.
Мадона откри и дека таа не била единствената што била болна во тоа време.
„Сите мислевме дека имаме многу тешки форми на грип. Му благодарам на Господ, сега сите сме добро и здрави. Знаењето е моќ!“, напишала 61-годишната Мадона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.