Мадона објави фотографија од фустан кој сама го сошила кога немала пари

Денес е „тешка“ дури 590 милиони долари, но некогаш не можела да си дозволи нов фустан.
Мадона е родена во Мичиген, во 1958-ма година како трето дете од вкупно шест, во семејство во кое само татко ѝ бил вработен. Кога имала пет години останала без мајка си, по која и го добила името, а нејзиното детство поминало во сиромаштија. Кога се преселила во Њујорк за да стане танчерка, имала само 35 долари во џеб, како што пишува во нејзината биографија, но набрзо животот целосно ѝ се променил.


Во април, 1982-ра година, го издала својот прв сингл „Everybody“, кој веднаш бил прво место на денс листите, а една година подоцна излегол и нејзиниот прв албум „Like a Virgin“, кој ѝ донел светска слава.
Но, и покрај големиот успех, Мадона не заборава од каде потекнува, а сега ги потсети и своите обожаватели на тоа.

„Мојата сестра Паула и јас на последнит училишен ден. Сами ги сошивме своите фустани. Секогаш ми беше непријатно што не можевме да си дозволиме фустани од продавница. Но, денеска ми е драго што поради тоа научив да шијам. Забележувате дека немаме деколтиња, ниту откриени колена. Татко ни беше многу строг“, напишала во описот на замаглената фотографија, на која таа и нејзината сестра носат долги цветни фустани.
Изгледа дека кралицата на поп музиката и најпопуларната женска изведувачка во историјата според Гинисовата книга на рекорди, има уште еден талент за кој не сме знаеле!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.