Мадуро обвини поранешни американски функционери дека сакаат да го убијат

Вршителот должност претседател на Венецуела и претседателски кандидат Николас Мадуро ги обвини поранешните американски државници Роџер Норијега и Ото Рајх дека коваат завера за негово убиство.Мадуро во саботата навечер за време на претседателската кампања изјави дека Норијега и Рајх, кој беа задолжени за политиката на Вашингтон кон Јужна Америка, готват завера за негово убиство за да го спречеле да победи на претседателските избори.„Во таа завера се вмешани и десничарски сили од Салвадор. Нивната цел е да ме убијат“, тврди Мадуро.Обраќајќи им се на оние кои не планираат да гласаат за него, Мадуро рече дека врз нив ќе „падне повеќе векови стара клетва“.„Ако некој гласа против Николас Мадуро, тогаш ќе гласа и против себе и клетвата Макарапана ќе падне врз него“, рече Мадуро, мислејќи на битката од 16-от век кога шпанските колонијални сили ги масакрираа локалните индиски сили.Против кандидатот на Мадуро, опозиционерот Енрике Каприлес, рече дека оној кој му се заканува на народот нема право да ја води државата.
МакфаксВршителот должност претседател на Венецуела и претседателски кандидат Николас Мадуро ги обвини поранешните американски

Пронајдете не на следниве мрежи: