Мажите и жените не сакаат секс во исто време

Неодамнешните истражувања покажаа дека мажите и жените се разликуваат во уште една работа – тие не се расположени да водат љубов во исто време.

Иако веќе го чувствувавме ова правило, едно истражување го потврди – хетеросексуалните парови не се расположени да водат љубов во исто време.

Според истражувањето спроведено од компанијата за секс играчки “Lovehoney”, во кое биле опфатени 2.300 возрасни, мажите најмногу уживаат во сексот помеѓу шест и девет часот наутро, додека жените се повеќе расположени да разменуваат нежност помеѓу 23 часот и 2 часот по полноќ.

Само 16 проценти од мажите изјавиле дека сакаат да водат љубов пред спиење, додека само 11 проценти од жените сакаат секс наутро.

Околу 44% од жените и 33% од мажите кои учествувале во истражувањето признале дека имале проблеми во претходните врски заради различни потреби кога станува збор за сексуалниот живот.

Сепак, истражувањето покажа дека партнерите се прилагодуваат на другата половина за време на врската и бараат компромис кога станува збор за споделување нежност во спалната соба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.