Мажите откриваат кога сметаат дека е во ред да ја лажете својата партнерка

“Бели лаги за мир во домот” – вака порталот Index.hr го нарече овој мал прашалник на кој одговориле неколку мажи. Еве што тие сметаат за тоа што е оправдана лага:
На ниту една моја девојка не сум ѝ го кажал точниот број на партнерки кои сум ги имал пред неа бидејќи сметам дека нема смисла. Ме прашуваат речиси сè и секогаш сум измислувал бројка која не е ни блиску до онаа која е точна – Иван, 27.


Секојпат кога ќе ја сретнам мојата поранешна девојка во теретана, тоа го премолчувам бидејќи знам дека е потполно бесмислено да се споменуваат работи кои ќе предизвикаат кавга – Марин, 24.
Кога мојата девојка ќе ме праша дали се здебелила, знам кој е точниот одговор без оглед на реалната состојба на работите. Истото го практикувам и кога ќе ме праша што мислам за нејзината нова фризура, за нејзината облека или за нејзините пријателки. Тоа е ситуацијата во која жените едноставно не сакаат да ја слушнат вистината – Тин, 24.
Лажам за тоа колку ми се допаѓаат роденденските подароци кои таа ми ги купува бидејќи многу ретко реално ми се допаѓаат, а таа секогаш навистина се труди околу нив – Денис, 25.
Сексот секогаш е совршен, независно од тоа колку бил добар или лош – Ведран, 24.
Понекогаш лажам дека имам работа кога не сакам да се најдам со неа. Понекогаш само сакам да бидам сам, но знам колку ќе ја повредам доколку ѝ го кажам тоа – Филип, 25.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.