Мажите сакаат секс наутро, а жените приквечер

Вие сакате секс наутро, а вашата сакана преферира секс навечер!? Или, можеби, ситуацијата е обратна. Како и да е, и самите сексолози се согласуваат во тоа дека желбата за секс и уживањето во него варираат во зависност од делот на денот, но и од полот. Значи, доколку сакате што почесто на репертоарот да имате ураган во креветот или, едноставно, за да го интензивирате уживањето, мора да се согласите на одредени компромиси. Сексолозите ви препорачуваат да го усогласите вашиот сексуален живот (за да не трпи непотребно!), а за да ви го олесниме тоа, ние ви донесуваме неколку научно потврдени факти.

Секс во раните утрински часови од 6 до 8 часот
Таа: Обично не е подготвена на секс, затоа што нивото на мелатонин (хормон на спиење) е се уште висок, а и температурата на женското тело допрва почнува да се зголемува. Секако, возможно е и да посака секс и во тие рани утрински часови, па затоа никогаш не би требало да се избегнува предиграта, како единствен начин таа да се разбуди, загрее и навистина да ужива.
Тој: Повеќето мажи доживуваат врвно уживање токму во тој дел од денот, но не очекувајте акробации или сексуален маратон, затоа што рано наутро се обично побрзи отколку што би сакале да бидат.
Од 8 до 10 часот
Таа: Сега е веќе подготвена за секс, затоа што нивото на ендорфин (хормонот на среќа) во крвта го достигнал врвот, па мажот нема да мора да се “мачи” за да ја мотивира.
Тој: Либидото полека му опаѓа, затоа што во тоа време размислува за разни обврски, па ќе мора да се потрудите за да го разбудите.
Од 10 до 12 часот
Таа: Ова е најдобро време за орален секс, затоа што и чувствителните рецептори и се изострени, па уживањето ќе биде максимално.
Тој: Едноставно, не му се сака, па наместо акција повеќе сака да размислува за неа.
Од 12 до 14 часот
Таа: Иако жената во тоа време е исклучително активна, сексот сепак не и паѓа на ум.
Тој: Машкото расположение сега се менува и тој не би имал ништо против малку акција.
Од 14 до 16 часот
Таа: Желбата за сексот е интензивна и сега не сака никаква романтика. Отворена е за се што е ново и по малку диво.
Тој: Во тој дел од денот спермата има најдобар квалитет, па тоа е вистинско време за работа на потомството.

Од 16 до 18 часот
Таа: Во попладневните часови жените не се баш најрасположени за сексуални активности, па предвид доаѓа само нешто набрзина.
Тој: Нему му е потребен брз и страствен секс, кој ќе го ослободи од стресот и од насобраната негативна енергија.
Од 18 до 20 часот
Таа: Овој дел од денот ниту малку не мириса на секс. Неа на памет и се разговори и изливи на љубов, главно се што тој не сака.
Тој: Сета среќа што ниту нему не му е премногу до секс. Се што го интересира е малку одмор пред телевизорот.
Од 20 до 22 часот
Таа: Хммм, тоа е вистинското време жената да го добие она што го сака, и тоа полека и нежно, токму онака како што треба. Преполна е со сексуална енергија и подготвена за преземање иницијатива.
Тој: Секако, тој е подготвен да и ги исполни сите желби на својата партнерка, а машките и женските сексуални часовници во тоа време се добро усогласени.
Од 22 до 24 часот
Таа: Околу полноќ нивото на мелатонин се зголемува и неа дефинитивно не и е до секс, туку само до цврст сон. Но, ако бидете доволно упорни и нежни, можеби ќе ви се посреќи.
Тој: Нему се уште не му се спие и е подготвен за водење љубов, како идеален начин што полесно да вплови во царството на соништата.
Од полноќ до рано наутро
Таа: Сега, секако, спие и тешко ќе ја разбудите. Но, жената може да води љубов и во полусон.
Тој: Во ова време главно е во длабок сон, од кој доколку се разбуди незаситната во вас – ќе го извлечете со многу, многу труд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.