Модерното општество е навистина толерантно, па така не е чудно да видиме парови и со по 15/20 години разлика.
Но, со какви ситуации се соочуваат тие?
Искрена исповед на една девојка, што има многу постар партнер, кружи на интернет:
„Неодамна, седев во ходникот на една болница и мрзеливо ги вртев страниците на еден магазин, чекајќи ги вестите. Докторката го кажа моето име, кренав рака и таа ме праша: „Дали пациентот е твој …?“ СОПРУГ, одговорив затоа што знаев дека ќе ме праша дали ми е татко.
10 години претходно не ни можев да замислам дека ќе се омажам за маж кој може да ми биде татко, без разлика дали тој изгледа младешки за свои години или не. Но, уште тогаш знаев дека врските со толкава разлика во години најчесто се осудени на пропаст.
Но, зошто девојките избираат такви мажи за сопрузи? Популарната теорија дека тоа го прават за пари не важи во мојот случај. Три години сме во брак, а сè уште возам 15 години стар автомобил. Да, мојот сопруг не е сиромашен, но ги инвестира сите негови пари во развој на бизнисот и јас не седам дома, туку работам исто колку и тој.
Исто така, претпоставката дека жените бираат многу постари мажи затоа што врската со татко им не им функционирала е погрешна за мене. Мојот татко е жив, здрав и присутен во мојот живот, подеднакво како и мајка ми.
За мене изгледа најверојатна е онаа теорија дека жените бараат маж кој на некој начин е сличен на нивниот татко, затоа што тоа им е симбол за сигурност, заштита и за личност која ќе направи сè за да ги исполни моите желби.
На почетокот, мојот сегашен сопруг Евгениј беше мој работодавец. Се запознавме пред 8 години кога работев како келнерка и студирав новинарство. Знаев дека тој е сопственик на еден медиум и во една пригода ми кажа дека некогаш би сакал да работам кај него.
Во моментот немаше слободни работни места кај него, но по една година ми понуди работа. Со текот на времето станавме пријатели, ми се допаѓаше што сака животни и сака со автомобил да патува и да истражува некои мали зафрлени гратчиња. Некаде помеѓу пишувањето на статии и одењето на ручек со чаша вино по работното време, нашата романса почна.
„И од старт сè беше многу комплицирано. Со месеци размислував како да им објаснам на родителите, но изненадувачки тие реагираа смирено околу разликата во години. На работното место внимавав да не дознаат затоа што знаев дека веднаш ќе ме исперципираат како негов „трофеј“, тоа е стандард со младите жени и драстично постарите мажи.
Една пријателка ми кажа дека ја изгубила почитта кон мене, а кога се венчавме веднаш почнаа прогнозите колку кратко ќе ни опстане бракот.
Многу е парадоксално што колку се попрогресивни луѓето, толку повисоко ги креваа веѓите кога слушаа за нашата голема разлика во години. И која ѝ да е причината за бракот, тие сметаат дека е затоа што жената има корист од мажот.
Единствен проблем е што минатата година му беше дијагностицирана сериозна болест и ме плаши дали ќе се претворам од негова сопруга во негова медицинска сестра. Ме мачеа мислите дали доколку бев со некој на моја возраст овие симптоми за можна смрт немаа да се појават толку рано.
Друг аспект што ме мачи се децата. Не сум сигурна дали би сакала да имам, иако на мојот сопруг не му пречи тоа. Но, ме плаши тоа што кога детето ќе тргне на училиште неговиот татко веќе ќе биде пензионер. Исто така, не сум сигурна дали разликата во години ќе влијае на процесот на забременување.
Но, на крајот од денот кога ќе размислам најважната работа е да сум среќна, а со него сум навистина среќна. Знам дека е тешко да ме разберете …“