Непознат насилник му се заканувал со нож на малолетно девојче вчера во центарот на Скопје, пријавил во полиција таткото на девојчето.
„На 24.04.2025 во 19:20 часот во СВР Скопје, М.В.(51) од Скопје пријавил дека околу 16 часот, на подрачјето на Центар, во Скопје, едно машко лице со остар предмет ѝ се заканувало на неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.