Денеска полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.М.(20) од с.Двориште, беровско.
Околу 02.10 часот тој со возило прегазил еден полициски службеник во пределот на ногата и се дал во бегство, а на друг полициски службеник му упатувал закани.
“Против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава”, соопшти полицијата.