Српската полиција информираше дека 46-годишен маж од Лесковац е исклучен од сообраќај откако било утврдено дека го возел своето „пежо“ со дури 4,05 промили алкохол во крвта.
Од полицијата во Лесковац наведуваат дека со тестирање му го утврдиле нивото на алкохол во крвта и затоа го исклучиле возачот од сообраќај.
Возачот бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава.