Маж се заљубил во проститутка: “Таа беше толку драга, а потоа си најде ново момче“

Маж се пожалил дека е во голем љубовен проблем, затоа што се заљубил во проститутка. Човекот страдал од депресија и решил да побара помош од Деидре Сандрез.
Мажот имал 43 години, а таа имала 27 и работела како проститутка. Тој најпрвин ѝ плаќал за сексуални услуги и се гледал со неа многу редовно, а на крајот се заљубил во неа.


“Страдам од депресија и често ја барав кога се чувствував лошо. Таа беше толку драга кон мене. Јас ѝ купував подароци, односно ја изнесов на состанок за нејзиниот роденден. Ја платив вечерата и потрошив цело богатство на нејзиниот подарок. Таа за мојот роденден ми купи честитка“, започнал да раскажува мажот.


“Таа завршила училиште за масажерка и веќе не се занимава со проституција, но ми рече дека кај неа можам да дојдам на масажа. Мене тоа навистина ме повреди, затоа што потрошив толку многу пари на неа. Таа ми рече дека си нашла ново момче и дека и се допаѓам, но не на “оној“ начин. Се чувствувам грозно..“, се пожалил мажот на Дидре Сандрез којашто често пати им помага на луѓето коишто имаат љубовни проблеми.
Деидре решила да му помогне на овој човек велејќи му:
“Плаќањето за секс не е начин за да се пронајде љубов. Време е да најдеш некој којшто ќе те сака бесплатно“, заклучила таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.