Ова видео и пораката која ја праќа допре до срцата на преку 5,3 милиони луѓе.
Името на видеото е „Нормален ден“, а прикажува типичен ден на една мајка со своите две мали деца. Тоа е видео со кое многу мајки ќе се видат самите себе.
Мајката во видеото го почнува својот ден пред изгрејсонцето со викање на едно дете: МАМААА.
Во нејзината соба има чудовиште и треба се теши. После тоа двете деца почнуваат да се караат, мајката мора брзо да делува за да ја среди ситуацијата.
Иако денот тек започнал, оваа супер мама многу добро ја поднесува секоја стресна ситуација.
Тогаш е време за одење во продавница. Борбата почнува додека се обидува децата да ги смести во автомобил. Секако, самото купување е авантура за себе, но таа и тоа се успева да го поднесе без проблеми.
Тогаш доаѓа чистењето на нередот. Нејзината мала ќерка носи торта низ кујна. Мајката гледа дека не ја држи рамно, но не стигнува на време, целата торта паѓа на подот. Мајката седнува на под и се предава, но знае дека се тоа е дел од мајчинството.
Нејзиниот сопруг се враќа дома од работа и прашува како го минала денот, а таа му одговара дека се било нормално. Се присетува на целиот ден исполнет со разни детски проблеми и напади. Размислува за хаосот за време на ручекот. Размислува за непрестајното чистење на нередот и промената на пелените. Но за неа, тој хаос и стрес е нормален.
Многу мајки се чувствуваат пренатрупано од работа, под стрес и потценето. Затоа ова видео треба да го погледне секоја мајка. Оваа преубава порака на крајот секоја мајка заслужува да ја слушне.
Кога таткото ја праша ќерката како нејзината мајка го помина денот, нејзиниот одговор потполно ја изненади мајката.