Македонецот кој ја прими вакцината од Оксфорд се чувствува добро: Трипати ни земаа крв, во ноември следи уште едно тестирање

Македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија, по три месеци откако ја прими вакцината за Ковид 19, своето искуство го сподели во изјава за Сител . Борко немал несакани последици.
Нема никакви промени во секојдневието или по здравјето. Се чувствувам добро и сигурно знаејќи дека вирусот не може да ме зарази и со тоа јас никој не можам да заразам. Тоа е добро чувство. Имаше три земања на крв и тестирања и уште едно ќе следи во ноември. На 6 месеци, но тоа е за нас бидејќи не тестираа. За сите останати не би требало да има тестови, само вакцината“ вели Борко Андреевски. Вакцината се очекува да биде официјализирана кон крајот на 2020 година. Таа ќе биде од фармацевстката куќа AstraZeneca на која работи Универзитетот Оксфорд. Таа е прва компанија која го потпиша механизмот Ковакс.
Инаку, „AstraZeneca потпиша лиценциран договор за набавување на 1 милијарда дози од вакцината за ниско и средно богатите земји, со услов да обезбеди 400 милиони дози пред крајот на 2020 година. Македонија е е дел од земјите кои се приклучија во глобалната набавка на вакцини

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.