Македонец добил отказ па ја запалил пицеријата, а на сопствениците им испратил видео и порака „гледајте како гори“

Полицајците на Вождовац уапсија државјанин на Македонија, С. Г. (46), поради сомнение дека од одмазда ја запалил пицеријата во која работел, а потоа снимките од пожарот ги испраќал на сопствениците, објви Информер.рс.

Полицијата го уапсила С. Г., кој се товари за кривични дела предизвикување општа опасност и загрозување на безбедноста.

Како што беше објавено, С. Г. скоро добил отказ во пицеријата каде работел, па револтиран дошол со шише бензин и го запалил внатрешниот дел на објектот. Тој го снимил пожарот, а потоа снимките им ги испратил на сопствениците со порака „Гледајте како гори“.

Осомничениот С.Г. е приведен до 48 часа по наредба на надлежното обвинителство, по што ќе биде приведен на распит заедно со кривична пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи: