Македонец починал на паркинг близу Банско и Разлог

Како што пренесува порталот “Струма“ Панче Костов, 54-годишен македонски турист вчера починал на паркингот на ски-патеката Кулиното, во близина на бугарските туристички места Банско и Разлог. Според информациите на бугарските медиуми на местото на немилиот настан дошла, медицинската екипа, но само можела да констатира смрт, помош за македонскиот граѓанин немало.
Костов во минатото имал срцеви проблеми, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.