Македонија беше 66 дена под полициски час

Македонија беше 66 дена под полициски час

Полицискиот час во најголемиот дел од деновите траеше од 19 до 5 часот, престанува да важи од утре (27 мај), извести вечерва владата преку прес конференција.

Погодивме! Се воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС од утре

Потсетете се што објавивме тогаш, на 22 март годинава. Тогаш, техничкиот премиер Оливер Спасовски објасни дека „се работи за опстанокот на граѓаните, на економскиот систем и на државата“.
Сега, 66 дена подоцна, Спасовски вечерва изјави дека состојбата со епидемијата е под контрола, а бројот на активни случаи е стабилен.

Оливер Спасовски најави брзи избори во склоп на „новата нормалност“

До денеска во Македонија од коронавирус беа заразени 2014 луѓе, од кои 445 се уште се со активна зараза, а 116 луѓе починаа.
Спасовски денеска најави брзо одење на избори по завршувањето на вонредната состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.