МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА уредно најави протест за 9 јануари, потоа се јавија ТОДОРПЕТРОВЦИ да опструираат

МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА уредно, прва и во склоп на серија активности го најави собирот на 9 јануари. Оваа групација со месеци протестира и крева глас против промената на уставното име на Македонија. Беа пред домовите на пребеганите пратеници на Мицковски. Беа со блокада на Грчката граница. За Нова година беа пред парламентот и ја блокираа улицата пред истиот. Со недели блокираа раскрсници, магистрални патишта… А Тодорпетровци и сличните на нив (едниот добивал инструкции во кафе Венеција од лицето О.А блиско, преблиско на Мицко) се појавија сега. Да се повозат на бранот на незадоволство. И ако може да се додворат на „Белата Палата“ дека ете и понатака им вршат работа со минирање и раситнување на противењето и отпорот на МАКЕДОНЦИТЕ. 
Оти ако се сеќавате, после 18 ноември, и митингот на кој Мицковски и Јанушев ги наполнија автобусите, овие ликови практично исчезнаа… Освен што ја маткаат дијаспората и ја черупаат ама баш ништо не направија. Си чекаат. Според договорите со Јанушев може да добијат по некое пратеничко место во СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. Па бога ти, допринеле, не сметале, како што му беше ветено на Хан.
Е ама ако коза лаже рог не лаже. Еве го дописот за пријавата на собирот уште пред да мине старата година. Има ли некој друг ваков допис, за да покаже дека изворно навистина сакал да протестира, а не да минира? Нема!
МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА ги заслужува со својата борба симпатиите и во име на вистината ние го објавуваме овој документ. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.