Од наши извори во МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА дознаваме дека утре ќе се состане телото кое раководи и донесува одлуки. Како што ни најавија ќе се расправа и за насилното прогласување на ДВОЈАЗИЧНОСТА вечерва од страна на Талат Џафери, без потпис на Иванов и незаконски.
Тие сметаат дека дивеењето во државата е последица на беззаконие иницирано од Заев, за да се дорастури татковината.
Можно е да се повика на масовни секојдневни протести се до распуштање на корумпираниот парламент со цел да се добие состав кој ќе му служи на народот а не на елитите и на странците. Според наши сознанија ќе се побараат и предвреми избори првенствено поради намерата да се поништи промената на уставното име на МАКЕДОНИЈА.
Повеќе детали се најавени за утре. 
МАКЕДОНИЈА БЛОКИРА утре свикува состанок на кој ќе се дискутира за новонастанатата ситуација






