Македонија во топ 10: Скопје утрово БЛЕСНА на светската мапа на најзагадени градови во светот!

Македонија и ова утро се гуши во чад, смрдеа и смог.
Според мерните станици ширум земјава најзагадено е Кавадарци со 307 микрограми на метар кубен, а веднаш зад него и скопско лисиче со 262 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.
Потоа следува Тетово каде загаденоста е 252 ПМ 10 честички на метар кубен, па Центар, Струмица и Ректорат.


Според светската страница која го мери квалитетот на воздухот „Аирвижуал“ Македонија ова утро се наоѓа во топ 10-те најзагадени земји во светот.
Нашата земја е рангирана на 9-тото место во друштво на Индија, Авганистан, Бангладеш, Русија, Австралија како и земјите од регионот.


На првото место ова утро се најде Босна и Херцеговина како најзагадена земја во светот, а Сараево најзагаден град.
Инаку со почетокот на Новата година Македонија непрестанато се гуши, додека властите вообичаено не мрднуваат со прст.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.