Македонија втора по смртност од коронавирус на Балканот

Македонија меѓу земјите со најмногу почитани лица на милион жители, ова се податоците кои лесно се достапни до сите граѓани.
Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители. Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава – се пофали министерот за здравство Венко Филипче вчера на својата фејсбук страница, притоа посочувајќи податоци од неколку земји.
На ова имаше низа реакции. Една од ни се однесуваше на Бугарија, каде, според податоците кои ги објави Филипче се тестирани само 567 луѓе. Наспроти ова, статистиката во Бугарија вели дека до 1 април на милион жители се тестирани 1418 лица.


Останатата статистика на милион жители не оди во прилог на земјава. Еден од нив е фактот дека има премногу починати на еден милион жители и дека и на оваа табела се наоѓаме на врвот.
Починати на милион жители
Словенија 11
Македонија 8
Грција 7
Турција 6
Босна и Херцеговина 6
Албанија 6
Србија 5
Хрватска 3
Црна Гора 3
Бугарија 2
Според бројот на заразени на милион жители Македонија се наоѓа веднаш после Хрватска со 232 заразени
Заразени на милион жители
Словенија 470
Црна Гора 320
Турција 284
Хрватска 274
Македонија 232
Босна и Херцеговина 190
Србија 186
Грција 161
Албанија 116
Бугарија 72

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.