Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека 42 борбени возила „Страјкер“ треба да пристигнат во земјава оваа година, како дел од договорот потпишан со САД. Објаснувајќи ја информацијата, Мисајловски нагласи дека станува збор за техничка промена.
Тој истакнува дека 17 возила веќе се во грчкото пристаниште и дека е потребно да се одобри технички договор на барање на САД како амандман за инсталирање на целата опрема што пристигнува.
Тоа е технички договор, односно ова е технички амандман бидејќи знаете дека е потпишан договор за 42 борбени возила од типот „Страјкер“ со САД. Оваа година сите пристигнуваат. Веќе има 17 во пристаништето во Грција и потребно е технички амандман да се одобри на барање на САД како амандман за инсталирање на целата опрема што пристигнува итн. Крајниот корисник е Министерството за одбрана и мора да се направи целосна обука.
„Ова е технички (амандман), како што побараа САД, за да се направи договор за сите тие подоцна да ги добијат и да останат целосно во Армијата. Нема ништо дополнително, Договорот е во ред. Оваа година сè ќе стигне“, рече Мисајловски.
The post Македонија годинава ќе купи 42 „страјкери“ од САД appeared first on Во Центар.



