Министерството за внатрешни работи на Република Македонија објавува дека во периодот од 2 до 7 јуни 2026 година, како членка на ROADPOL, заедно со 34 европски земји, учествува во спроведувањето на засилени контроли на патниот сообраќај.
Како што наведува Министерството за внатрешни работи, активностите на акцијата се фокусирани на откривање и санкционирање на возачите на двотркални возила, поточно мопеди, мотоцикли и електрични скутери, кои се сметаат меѓу најранливите учесници во сообраќајот.„Проверките ќе се фокусираат на употребата на соодветна заштитна опрема, техничката состојба на возилата, правото на возење и одговорното возење со почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните несреќи.“
„Со оглед на тоа што сме во период на топли денови, кога овие возила се користат поинтензивно во сообраќајот, сообраќајната полиција ќе преземе засилени контроли на патиштата низ целата земја, спроведувајќи превентивни и репресивни мерки“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за одржување на нивната лична безбедност, како и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
The post Македонија дел од акцијата ROADPOL, зголемени контроли на возачи на мотоцикли, мопеди и електрични тротинети appeared first on Во Центар.



