Македонија е 108-ма воена сила во светот, позади нас во регионов се Црна Гора и БиХ, а најмоќни САД, Русија и Кина

Армијата на Македонија е рангирана на 108 место на листата најмоќни војски во светот, што ја објави специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“.

Според листата на најмоќни армии во 2023 година, очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, Италија, Турција, Бразил, Индонезија, Египет, Украина, Австралија, Иран, Израел, Виетнам, Полска, Шпанија, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Германија.

Шеесет отсто од компонентите за руското оружје во Украина доаѓаат од Кина
Околу 60 отсто од странските делови за руското оружје што се користат на боиштето во Украина доаѓаат од Кина, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Владислав Власиук. -Ако ги земете …
Удар за Путин од срцето на Москва, „царот“ ова не го доживеал 30 години! Русите се вртат против него, сакаат да ги повлечат трупите од Украина!?
Повеќето Руси сакаат мировниот договор со Украина да биде склучен во текот на следната година, додека помалку луѓе сакаат да учествуваат во војната. Декларираната поддршка за војна опаѓа кога луѓето …

Во регионот на Југоисточна Европа, најмоќна армија има Грција која е на 30 место, Србија е 58, Бугарија 59, Хрватска 68, Словенија е 86, Црна Гора 128, а Босна и Херцеговина е на 133 место.

На листата има 145 земји, рангирани според нивната воена моќ, а при креирањето на листата биле земени предвид различни фактори, како што се степенот на софистицираност на воената опрема, финансиите, географијата и ресурсите.

Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси. Листата е направена врз основа на конвенционалното оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.