Министерката за енергетика, рудници и минерални ресурси, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето на новата трансформаторска станица во Охрид – Трафостаница „Охрид“, дел од проектот за интерконекција меѓу Македонија и Албанија.Проектот опфаќа два дела – ЛОТ 1: Далновод Манастир – граничен премин со Албанија и ЛОТ 2: изградба на трансформаторската станица во Охрид во близина на селото Мешеишта.На терен, министерката Божиновска беше запознаена со тековните интензивни градежни активности што се одвиваат на површина од 80.000 квадратни метри: изградба на потпорни ѕидови и косини, градежни работи на командната зграда, завршување на темелите и започнување со поставување на челични потпори и опрема на 400 kV централа.„Со имплементацијата на овој проект, Северна Македонија гради мост кон европските пазари на електрична енергија, создавајќи услови за стабилно и економично снабдување за граѓаните и отворајќи простор за вклучување на нови производители од обновливи извори – што е наш главен приоритет“, нагласи министерката Божиновска.Изградбата на новиот 400 kV далновод е стратешко зајакнување на стабилноста и сигурноста на електричната мрежа на земјата. Со ова се заокружува електроенергетското поврзување со сите соседи, што овозможува не само зголемена стабилност и сигурност, туку и активно учество на пазарите за балансирање и системски услуги и размена на енергија во регионот.
Пронајдете не на следниве мрежи: