Македонија како бојно поле: Ново убиство, овој пат во Штип

25-годишен жител на Штип вечерва се предал во полиција признавајќи дека ја убил неговата партнерка и дека нејзиното тело се наоѓа во објект во градот.

„Денеска, 01.11.2024, околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип. Од страна на полициски службеници телото е пронајдено.

Во тек е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител“, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: