МАКЕДОНИЈА КАКО КАФЕАНА – ЦУЦУЛОВСКИ

МАКЕДОНИЈА КАКО КАФЕАНА. Зоран Заев (во непознато својство) ги повика бизнисмените да ги почестеле работниците со по некоја плата плус. Колку што ми е познато, честењето е појава поврзана со кафеаните, а не со државите. Во кафеаните луѓето се честат со ракија, мезе, туршија, со жива туршија, прасечко (живо или печено) и слично. Понатаму, во кафеаните, исто така, се пие, пее и кара. За разлика од кафеаните, во државите никој никого не чести (уште помалку кара) туку во државите се произведува, производството плански се зголемува и произведеното се распределува. Дел од распределбата се и платите, меѓутоа не и честењето. Едноставно, во кафеаните се чести, додека во државите се мисли, работи и заработува. Тоа што некој ја изедначува државата со кафеана, а кафеаната со држава, треба што побрзо да се едуцира и потоа да се корегира. Порано барем се знаеше – кафеана е кафеана, држава е држава. Немаше крчмење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.