Македонија на врвот на ужасната листа: Втори сме по број на смртни случаи од коронавирус во регионот

На листите каде се бројат жртви и заразени од коронавирус во регионот, Македонија се соочува со целосен неуспех.
Нашата држава е втора по смртност во регионот.
На еден милиони жители Македонија има 21 починати. Понеславна статистика од нашата има само Словенија која има 27 мртви на еден милион жители.
Сите останати државни од регионот, на оваа црна листа, се зад нас, со помала смртност, што значи и поуспешна борба против коронавирусот.
Еве колкава е смртноста на милион жители, во останатите држави од регионот:
Турција 17
БиХ 12
Србија 11
Грција 10
Албанија 8
Хрватска 8
Црна Гора 6
Бугарија 5


И вториот дел од оваа статистика, каде се пресметува колкав е бројот на заразени на милион жители, за Македонија е поразувачки.
Имено, во Македонија има 436 заразени на милион жители. Повеќе од нас имаат Турција (772), Словенија (587) и Србија (511).
Под нас на листата која покажува број на заразени на милион жители се:
Црна Гора 451
Хрватска 415
БиХ 330
Грција 208
Албанија 165
Бугарија 106
Колку тестови се направени на еден милион жители?
Словенија 17291
Турција 5260
Грција 4682
Црна Гора 4568
Хрватска 4472
Македонија 4446
БиХ 3782
Србија 2678
Бугарија 2663
Албанија 1496

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.