четврток, 26 ноември 2026
Најново

Македонија на дното во Европа според Извештајот за глобална конкурентност

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум Македонија се најде на дното во Европа. Земјава го зазема 84-то место, а полошо се рангирани само Молдавија и Босна и Херцеговина. Од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека освен ниското ниво на инфлација, земјава е лошо оценета во речиси сите области. Македонија доби ниски оценки и во делот на функционирањето на институциите и правосудството – објави „Алфа“.
Лошите оценки во извештајот се однесуваат на справувањето со организираниот криминал, слабата заштита на интелектуалните и имотните права, како и неефикасноста на законите. Се нотира и лошата инфраструктура, слабо сме рангирани според поврзаноста и квалитетот на патиштата, услугите на железницата, како и транспортот од и до аеродромите. Во делот на образованието и бизнисот, анкетираните во Македонија се пожалиле дека тешко се наоѓаат квалификувани работници, дека ретко кој врши обука на кадарот и дека е мала соработката на газдите со синдикатите. На врвот на Извештајот за глобална конкурентност се најдоа САД, Сингапур и Германија.

 

Поврзани вести