Македонија не е само Републиката, Македонија е наследството на Империјата, од Северна Италија, преку Дунав, дури до Кина и Индија. Во тоа е големината на македонската цивилизација, како цивилизација на мирот и љубовта, а не на војната и омразата. Големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. А Македонија, Македонија е основата на современиот културен глобализам што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот, кој со профитната логика на мултинационалните корпорации, помесните етноси, јазици, религии и култури ги интегрира со асимилација, дури до физичка ликвидација.
Впрочем, и Гоцевата мисла „светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“ не претставува само негова лична импресија, туку експресија на генетскиот код на една цела цивилизација, на македонската!
Во последната окупација и поделба од Балканските војни 1912-1913 година, Белград и Атина се спогодија, Белград да не го отвора македонското прашање, поради што Атина на Србија и’ даде слободна зона на пристаништето во Солун, најголемиот град на окупирана Македонија. И долго, заради договорот Белград-Атина, во поранешна Југославија до нејзината дисолуција, Србија ја изолира историјата и археологијата на Македонија, за да не се дознае вистината за Македонците. Таа демисија на Атина преку Белград во Македонија денес ја вршат поранешните југословенски комунисти, кадрите на Кумровец и КПЈ, оние кои асистираат на промена на државното име Македонија. Препознатливи се, грчките квислинзи во Македонија велепредавството ниту не го кријат. Затоа почетоците, македонската историја да ја пишуваат Македонци на македонски јазик, проекциите за експлоатација на историјата и археологијата на Македонија, белградските кадри го дочекаа како т.н. антиквизација, букефал и хунза-политика, десловенизација, промена на идентитетот на македонската нација…
Обвинувањата за т.н. антиквизација на Македонија се обид на Атина и Белград преку своите инсталации во Македонија, повторно да ја забетонираат изолацијата на Македонија од сопствената историја и археологија, никогаш да не се дознае вистината за Македонците. Иако токму кадровската агентура на Белград во Македонија од 1945 година, е во рамките на манијата за антимакедонизација. Се отепаа селејќи ги Македонците како словени зад Карпатите, ама никако да ги доведат во сродство со Русите. Како и да е караванот си оди, кучињата си лајат…Во потерата по бактрискиот сатрап Бес, кој го убива персискиот цар Дариј III, Александар III Македонски со својата војска во јануари 329 година п.н.е. изминал 350 километри низ сурови зимски услови, движејќи се кон Кабул. Во близината на Кабул зимата била блага и војската конечно можела да здивне во подобри услови. На крстосницата на три важни патишта, оној по кој што се движела војската од запад, оној за Индија на исток и третиот за Бактрија на север, Александар поставил град што го нарекол Александрија на Кавказ, со цел да ја контролира оваа стратешка крстосница. Градот се наоѓа на подножјето на планинскиот масив Хинду Куш, како дел од долгиот синџир на Кавказ. Погледот од Александрија бил насочен кон Индија. Овој град требал да биде логистичка поддршка за финалната етапа на азискиот поход, освојувањето на Индија! Во градот бил поставен гувернер, воен командант и македонски гарнизон, чии главни задачи биле обезбедувањето на воениот продор кон Индија. Александар и македонската војска, во пролетта 329 година, како и многупати во своите воени кампањи, за да го надитри Бес кој се определил за тактика на повлекување и уништување на се’ што можело да му биде од корист на Македонците, прави тактички невозможен потег преминувајќи преку необезбедениот премин Квак на Хинду Куш, во тешки услови на височина од 3.545 метри. Бес не се надевал дека Александар ќе помине со својата војска на тој тежок премин во услови на замрзнат терен и извонредно ниски температури. Соочен со незапирливоста на македонскиот продор и покрај непогодните временски и теренски услови, Бес ја повлекол бројната извонредна коњица и не организирал одбрана на планинските премини. Александар целосно ја искористил неодлучноста на Персијците, при што македонската војска за само 16 дена стигнала во богатиот регион на Драпсана, каде што војската можела да се одмори и освежи.Имајќи ја во предвид надмоќноста на Бес, Александар ја освежува својата армија со нови трупи и прави реорганизација. Истовремено ја ослободува тесалиската коњаница од натамошна активна служба, како и извесен број Македонци кои биле ветерани во азискиот поход. Еден дел од македонските војници остануваат во Азија и се населуваат во градовите и воените постојки кој ги изградил Александар, како логистичка поддршка на неговата армија.По воената кампања во Бактрија во 327 година п.н.е. Александар во летото тргнува кон Индија. Есента истата година движејќи се кон Александрија во Паропамисада, повторно го минува Хинду Куш, но сега преминот бил обезбеден со македосни воени постави.
Нивните потомци повеќе од 22 века стражарат на овој премин. Се сретнуваат под името Хунзи и Калаши.Калашите се помала изолирана етничка група која денес брои помеѓу 3.000 и 6.000 луѓе и ја населуваат Долината Калаш во северозападната погранична провинција на Пакистан, во регионот на Хинду Куш. Живеат во повеќе села (Беор, Дрош, Свер, Калкатак и др.) сместени во три помали долини по течението на реките Алингар, Ланда Син, Кунар и Печ. Сместени во калливата долина го добиваат името Калаши, или „луѓе кои живеат во кал“. Луѓето се уникатни и се разликуваат од своите соседи и населението во поширокиот регион по својот изглед (посветол тен на кожата, сини очи и коса), јазик и по својата политеистичка вера (верување во повеќе богови), па соседите со исламска вера ги нарекуваат Кафири (неверници или „Каури“).
Самите се изјаснуваат дека се директни потомци од војската на Александар III Македонски (како што велат Македон), кој во својот освојувачки поход кон Индија во 327 година п.н.е., на стратешките места основал населби и стражарници. Според легендата која се прераскажувала со генерации наназад, Александар оставил дел од своите војници во денешната долина на Калашите со аманет да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од походот кон Исток, притоа да не ја менуваат својата вера, култура и традиција.
Дваесет и два века, се` до ден денешен, тие го конзервирале својот архаичен начин на живeење. Веруваат во 12 богови и божици и богот креатор Дзео (светлина, зрак), кој многу потсетува на Зевс или Ѕе карактеристичен во македонскиот јазик. Македонците обично знаат на малите деца умилно да им се обраќаат со зборовите „ѕе, сонце мое“. Ѕе како ѕирка или гледа и слично. Како и во праисторијата и антиката, така и денешните читачи на небото кај Калашите, промената на сезоните и времето за ритуални манифестации го утврдуваат према движењето на сонцето. На тој начин тие го прават сончевиот календар.Религијата на Калашите се темели на митови и суеверија кои се поврзани со односот на човековата душа и универзумот и неизбежниот култ кон сонцето. Овој однос според Калашката митологија треба да се манифестира преку музиката и танцот со кои се оддава почит и се задоволуваат боговите.
Во планинскиот масив Хинду Куш во северниот дел на Пакистан, живее уште една заедница од 50.000 население позната под името Хунза или Бурушо, кои претежно се од муслиманска вероисповед. Слично со Калашите и Хунзите врз основа на старите преданија за себе тврдат дека се потомци на војниците на Александар III Македонски. Исто така, и тие воопшто не наликуваат на азијатите, туку имаат карактеристични балкански црти. Неверојатна е сличноста на луѓето од Хунза со македонскиот народ, со оглед на нивниот јазик, култура, традиции, фолклор, носии, копаничарство, музика, физиономија. За свој симбол го користат сонцето. Ако се земат сите овие факти, тогаш потполно се во право кога тврдат дека се вистински потомци на Македонците.
Интересен е нивниот јазик, наречен „бурушаски“, кој нема врска со никој друг познат јазик во светот. Врз основа на своите истражувања проф. д-р Илија Чашуле смета дека бурушаскиот јазик има протословенско потекло, од кого произлегуваат и корените на современиот македонски јазик, па оттука и многуте заеднички зборови. Споредувајќи го јазикот на Хунзите со јазикот на старите балкански народи, поточно со Бригите и Пајонците, тој заклучува дека врската со старомакедонскиот јазик е многу блиска. За него, некои бригиски зборови се сочувани во современиот македонски јазик и по неколку илјади години. Тоа е случај со повеќе зборови (именки, глаголи, прилози) како на пример: бара, брка, вика, врне, рга, турне, урне, гази, шака, чука, гурелка, оломнани, петмина и други.Во едно свое интервју, проф. д-р Илија Чашуле вели дека врските и паралелите помеѓу Хунзите и населението што живеело и живее во Македонија се зачудувачки и фасцинантни. Додека вршел истражувања кај Хунзите, на моменти чувствувал дека се наоѓа во Македонија.За многумина ова претставува неоромантичарска приказна. Но, секој што малку ја прочитал македонската историја знае, дека Александар III Македонски со македонската војска следејќи го патот кон Сонцето стигнал и до подножјето на Хималаите. Некои останале таму, додека нивните потомци и по 22 века се се’ уште таму, на вечните стражарски места оставени како аманет од нивниот Цар Александар. Долго сместени блиску до боговите, изолирани во непристапните планински предели од љубопитните патувачи, мисионери и напаѓачи, недопрени до ден денешен, но со преданијата дека се Македонци, дека корените им се во Македонија, дека се потомци на македонските војски на Александар III Македонски……
На 11 јули 2008 година, од Хималаите, по 2.300 години Хунзите стапнаа во Македонија, земјата која ја сметаат за своја прататковина. Шестчлената делегација, предводена од принцот Газафар Али Кан со титула мир и неговата сопруга, принцезата Рани Атика, беше дочекана со македонско лебче. „Огромна чест е и за мене и за целата делегација да бидеме тука, во сопствената земја, бидејќи ние сме потомци на Александар Велики“, рече Газафар Али Кан, принц на Хунзите. „Нашиот народ доаѓа од Македонија, чиј народ е распространет на повеќе места во светот. Се чувствуваме многу горди денес што сме тука со вас и се чувствуваме како во сопствена земја“, додаде Али Кан.„Се чувствувам одлично. Како сонот да стана јаве. Ние сме почестени што сме тука и се надеваме дека меѓу нас Хунзите и македонскиот народ ќе се воспостават блиски односи и тие ќе се унапредуваат во иднина“, изјави Рани.Делегацијата остана во земјава десетина дена. Присуствуваа на Галичката свадба, посетија десетина градови во Македонија.
Надвор од политикантските обвинувања на опозицијата за приемот на делегацијата од страна на премиерот Груевски, од државничката посета на гувернерот на северната провинција од пријателската земја Пакистан, делегацијата на Хунза можеше да замине и во Грција, која инвестира во докажувањето на грчките корени на Хунзите. И покрај се`, дојдоа во една благородна мисија во својата прататковина, ќе дојдат повторно, затоа што корените им се Македонија!
Превземено од Македонска Нација
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.