Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите.
На новинарското прашање Андоновски вели дека нема да се оди во правец на ограничувањето на личните слободи и оти тоа треба да биде последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола.
Министерот потсети дека минатата година во сите училишта претставен е начин на контрола преку кој родителите може да контролираат кои апликации нивните деца може да ги имаат на своите мобилни телефони и другите уреди, колку време може да поминат со нив и кои содржини смеат или не да ги следат. Доколку постои зголемен интерес и страв од родителите Андоновски, остава простор да се дискутира.


