среда, 18 ноември 2026
Најново

Македонија не размислуваме за ограничувања на социјалните мрежи за младите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

   Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите.
 

На новинарското прашање Андоновски  вели дека нема да се оди во правец на ограничувањето на личните слободи и оти тоа треба да биде последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола.
Министерот потсети дека минатата година во сите училишта претставен е начин на контрола преку кој родителите може да контролираат кои апликации нивните деца може да ги имаат на своите мобилни телефони и другите уреди, колку време може да поминат со нив и кои содржини смеат или не да ги следат. Доколку постои зголемен интерес и страв од родителите Андоновски, остава простор да се дискутира.

Поврзани вести