Нервозниот Мицкоски денеска повторно покажа дека нема што да понуди пред граѓаните, нема план, нема визија, ниту програма за добро на граѓаните, туку нуди единствено деструкција, поделби и изолација. Мицкоски можеше да покаже дека е за иднината на државата наместо да ја блокира, бојкотира и наместо да го брани криминалот на Никола Груевски и неговите соработници, да го осуди и да повика одговорност.
Мицкоски требаше да покаже „како се сака татковината” со тоа што ќе ги поддржеше процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат идентитет. Но Мицкоски одбра да ја блокира таковината и нејзиниот напредок, нејзината иднина.
Наместо да застане на страната на државните интереси, на страна на интересот на граѓаните Мицкоски е на страна на одбрана на неговиот ментор, Никола Груевски.
Македонија чекори напред, економијата расте, повеќе пари има за граѓаните, растат платите, земјава е рамноправен партнер на демократскиот свет на чекор до полноправно членство на НАТО и ЕУ. Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се во последна форма за одбрана на криминалот на Никола Груевски и неговите соработници. Тоа е огромна разлика, се наведува во реакцијата на СДСМ.