Македонија оди повторно со полициски час и седење дома
Комисијата за заштита од заразни болести даде предлог за воведување на ограничување на движењето за престојниот продолжен викенд. Денеска тој предлог во целост е прифатен од Владата.
Утре во 21:00 часот влегуваме во карантин. Истиот ќе трае се до 05:00 часот во понеделник, движењето во Скопје, Тетово, Куманово со Липково и Штип се забранува.
За среќа на другите градови, се усвои полабаво, малку полабаво воведување на полициски час од 16:00 до 5:00 часот следниот ден.
Македонија денеска имаше над 100 заразени, новоутврдени.