Македонија повторно се гуши: Загаденоста на воздухот во државава 8 пати над дозволеното, Скопје во топ 10 градови во светот

Состојбата со загаденоста на воздухот во државава останува катастрофална. Нивото на канцерогени ПМ 10 честички оди и до 8 пати над максимум дозволената граница, а Скопје вечерва е во топ 10 градови во светот според загаденоста.
Мерните станици во главниот град мерат ПМ 10 честички од 390 микрограми на метар кубен.
Кај Ректорат мерната станица покажува 358 микрограм на метар кубен, таа во Карпош 263.
Загаденоста на воздухот е иста и во внатрешноста на државата, имено во Струмица загаденоста изнесува 390 микрограм на метар кубен, во Гостивар 291, додека во Куманово 242.


Според „Ер вижуал“, специјализираната интернет-страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје вечерва е на 9 место во светот според загаденоста.
На оваа страница рангирањето се врши според збирните податоци од мерните станици поставени во светските градови кои се соочуваат со лош квалитет на воздухот.


Граѓаните го изразуваа својот револт кон власта, велејќи дека иако нејзините претставници ветуваа почист воздух откако ќе ја преземат власта, две години потоа нема ништо од ветеното, а загаденоста е дури и поголема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.